Утревечер во питоресткното надезерско село Велестово, започнува впечатливата манифестација – 32 Поетска ноќ во Велестово
Традиционалната манифестација, Поетска ноќ во Велестово, годинава, со своето 32.издание, ќе биде отворено на утревечер, од 21.00 часот, насредсело – Кај чешмата во Велестово, над Охрид, со настап на „Скопје гитар трио”, предводено од Дарко Багески.
Водител на програмата ќе биде Марина Димовска.
Годинашната програма посветена е на поезијата на Зоран Анчевски и скулптурите на Димитар Филиповски.
За поетското создателство на Анчевски, ќе беседи Милош Линдро, додека, стиховите ќе ги интерпретира Јован Цветкоски.
Поетски стихови ќе читаат: Тоде Илиевски, Владимир Мартиновски, Ѓоко Здравески, Биљана Стојановска, Павлина Атанасова и Јулијана Величковска.
Во тремот на црквата „Успение на Св. Богородица” во Велестово, истата вечер, во 22.00 часот ќе биде отворена изложба на академскиот скулптор Димитар Филиповски.
На 22-ри август во 18.00 часот на локација во селото Велестово, позната како „на Каменон” ќе се одржи настанот „Поезија ̶ Залез” на кој ќе настапат современите македонски поети: Тоде Илиевски, Владимир Мартиновски, Биљана Стојановска, Ѓоко Здравески, Павлина Атанасова и Јулијана Величковска.
Планираната интернационална вечер посветена на современата исландска поезија, претставена преку две исклучителни исландски поетеси ̶ Сигурбјорг Трастардотир и Кристин Омарсдотир, заради ситуацијата со коронавирусот е презакажана за следното 33-то издание на Поетска ноќ во Велестово.
Настаните ќе бидат организирани согласно протоколите и препораките на Владата и Министерството за здравство за заштита од КОВИД 19, информира организаторот.
Во очи на почетокот на манифестацијата, од печат излезе интернационалната ревија Поетска ноќ во Велестово, со својот дваесетти број.
-Славејќи ја поезијата во услови на пандемија се враќаме назад кон јазикот како едно од најголемите чуда, бидејќи тајната на пишувањето, не е во ништо друго, туку во чудото на живиот јазик. Тоа влева и оптимизам дека пак ќе дојде време на среќавање, поздравување, разговарање, време на воздух, сонце и восхит, ќе напише основачот на Поетската ноќ во Велестово, Славе Ѓорго Димовски.
Покрај опширното интервју со Зоран Анчевски, во авторство на основачот на манифестацијата, истакнатиот макеодонски поет Славе Ѓорго-Димовски, ревијата содржи стихови на Анчевски, на македонски и англиски јазик, од неговите десетина поетски збирки, како и неколку досега необјавени песни.
Пригоден текст– Критиката за Зоран Анчевски, објавува Румена Бужаровска, а се затапени и по една песна од шестеминма современи македонски автори:Тоде Илиевски, Владимир Мартиновски, Ѓоко Здравески, Биљана Стојановска, Павлина Атанасова и Јулијана Величковска.
Исто така, поместен е и прилог за скулпторот Димитар Филипоски, во авторство на Наташа Јовковска, историчар на иметноста, како и за музичарот Дарко Багевски.
Веле Митаноски