Јувентус плати 75 милиони евра за Влаховиќ

 Сагата околу новиот клуб на напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ, заврши со потпис на српскиот репрезентативец на петгодишен договор со Јувентус, за што клубот од Торино ќе издвои 75 милиони евра.

Најдобриот млад играч во Серија А во минатата сезона, јасно стави на знаење изминатиот период дека не сака да остане во Фиорентина и оти Јувентус е негова прва желба каде сака да ја продолжи кариерата.

Српскиот фудбалер, за чиј услуги најзагреан беше премиерлигашот Арсенал, треба да заработува седум милиони евра по сезона, плус два милиони евра во бонуси.

Влаховиќ сезонава досега постигна 17 голови на 21 натпревари за Фиорентина во Серија А и беше втор најефикасен напаѓач во 2021 година зад Полјакот Роберт Левандовски.

Back to top button
Close