Јужна и Северна Кореја со заедничка кандидатура за ОИ 2032

Јапонците предупредуваат: ЛОИ се неизвесни и во 2021 година - МИА

Властите во Сеул и Пјонгјанг ќе истакнат заедничка кандидатура на Јужна и Северна Кореја за организација на Олимписките игри (ОИ) во 2032 година, иако Меѓународниот олимписки комитет (МОК) неодамна веќе му додели на австралискиот град Бризбејн статус на посакуван домаќин на Игрите.

Официјален Сеул, како што јавија јужнокорејските медиуми, објави денеска дека доставил до надлежната Комисија на МОК „предлог, визија и концепт за заедничка организација“ на ОИ со Пјонгјанг.

Јужнокорејските власти, притоа, изразија жалење поради „неочекуваната одлука“ на МОК да додели статус посакуван домаќин на Бризбејн, но порачаа оти се решителни во намерата да продолжат со процесот на кандидирање.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close