Јужна Кореја ги плати придонесите на Иран во ОН

New York, USA: United State Headquarters with the members flags erected on the poles.

 

 Владата на Република Кореја ги плати заостанатите придонеси на Иран во ОН, соопшти Министерството за надворешни работи во Сеул.

– Владата ја заврши исплатата на придонесот од 18 милиони американски долари на Иран во Обединетите нации во активна соработка со релевантните организации како што се Министерството за финансии на САД и Секретаријатот на ОН, се вели во соопштението. Се забележува дека исплатата е извршена за сметка на иранските средства замрзнати во јужнокорејските банки поради американските санкции.

Според соопштение од 13 јануари, иранската Влада побарала од јужнокорејските власти да го платат придонесот на Исламската Република во ОН од замрзнатите средства за да избегне губење на правото на глас во Генералното собрание поради задоцнетиот придонес. Уплатата е извршена на 21 јануари.

Минатата недела на иранската делегација привремено и беше ускратено правото на глас во Генералното собрание на ОН поради задоцнети придонеси. Иран мораше да плати 18,4 милиони долари за да го реши проблемот.

Back to top button
Close