Јужнокорејскиот претседател и јапонскиот премиер се договорија да ги зајакнат врските

Новоизбраниот претседател на Јужна Кореја, Ли Џае-Мјунг, и јапонскиот премиер, Шигеру Ишиба, за време на телефонски разговор се согласија да ги зајакнат односите меѓу двете земји, изјави денеска портпаролот на јужнокорејскиот претседател, Канг Ју-џунг.

Портпаролот наведе дека двајцата функционери се договориле да се состанат лично, како и дека Ли истакнал дека сака да продолжи со добрите односи со Јапонија и Соединетите Американски Држави.

Разговорот меѓу Ли и Ишиба следеше откако двајцата лидери изјавија дека имаат за цел Јужна Кореја и Јапонија да ја продолжат координацијата во врска со прашањата поврзани со Северна Кореја.

Back to top button
Close