Јужнокорејскиот претседател се извини, Парламентот ќе го отповика

Јун Сук-Јол рече дека нема да се обиде да ја избегне правната или политичката одговорност за прогласувањето на воената состојба

Јужнокорејскиот спикер Ву Вон-шик ја започнува седницата за отповикување на Сук-Јол

Претседателот на Јужна Кореја, Јун Сук-Јол изјави дека муе жал што предизвикал загриженост и непријатности со прогласувањето воена состојба на почетокот на оваа недела и даде ветување дека нема да се обидува повторно да ја наметне.

Во телевизиско обраќање тој се извини на нацијата, само неколку часа пред Парламентот да гласа за негово отповикување.

Јун рече дека нема да се обиде да ја избегне правната или политичката одговорност за прогласувањето на воената состојба, додавајќи дека ќе ги следи насоките на неговата партија за решавање на политичката криза предизвикана од неговиот потег.

Обраќање на претседателот на Јужна Кореја – Јун Сук-Јол

Говорот беше прво јавно појавување на претседателот откако воведе шестчасовна воена состојба, која тој самиот ја укина поради притисокот од Парламентот, кој едногласно ја одби неговата одлука.

„Навистина ми е жал и би сакал искрено да им се извинам на луѓето кои беа шокирани“,изјави Јун Сук-Јол.

По изјавата на шефот на државата, шефот на владејачката Народна партија Хан Донг-ху рече дека претседателот повеќе не може да ги извршува своите јавни должности и дека негова оставка е неизбежна.

Back to top button
Close