Валиева ќе продолжи да се натпреварува – Судот ги отфрли жалбите за допинг на Меѓународниот олимписки комитет 

Сослушувањето на засегнатите страни се одржа преку конференциска врска вчера попладне и заврши доцна во ноќта по локално време во Пекинг.

Меѓународната агенција за тестирање (ИТА) на 11 февруари ја потврди информацијата за позитивен допинг тест на Камила Валиева. Според соопштението на ИТА, кај Русинката е откриена забранетата супстанција триметазидин.

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Светската анти-допинг агенција (ВАДА) и Меѓународната унија за лизгање (ИСУ) не се согласија со отстранувањето на привремената суспензија и ја оспорија одлуката во Судот во Лозана.

CAS во Пекинг ја отфрли жалбата на ИОК, ВАДА и ИСУ образложувајќи ја одлуката со статусот на 15-годишната Валиева како „заштитено лице“ и посебен пристап кон нив.

Back to top button
Close