Ван Дајк: Не знам дали и догодина ќе играм за Ливерпул

Капитенот на премиерлигашот Ливерпул, Вирџил ван Дајк, изјави оти не е сигурен дали и следната сезона ќе настапува за екипата од „Енфилд Роуд“, пренесува денеска лондонски Тајмс.

Ван Дајк до јуни 2025 година има договор со Ливерпул чија клупа на крајот на оваа сезона најави дека ќе ја напушти тренерот Јирген Клоп.

„Тоа е големо прашање. Во моментов не знам. Клубот има тешка задача во своите раце, многу работи ќе се променат. Многу сум заинтересиран да видам во која насока ќе се движи клубот. Ќе видиме каква ќе биде ситуацијата“, рече Ван Дајк, одговарајќи на новинарско прашање, дали и следната сезона ќе игра за Ливерпул.

Холандскиот репрезентативец дојде во Ливерпул во 2018 година и за клубот од „Енфилд“ досега одигра 246 натпревари и постигна 21 голови. Со англискиот клуб досега освои седум трофеи.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close