Варан може да им се придружи на Меси и Суарез во Интер Мајами

– Еден од најискусните играчи на Манчестер Јунајтед – Рафаел Варан, започна преговори со американскиот Интер Мајами и многу брзо би можел да биде соиграч на Лионел Меси, Жорди Алба, Луис Суарез и компанија.

Раководството на „црвените ѓаволи“ веќе објави дека нема да им понуди нови договори на Варан и Ентони Марсијал, кои на крајот на месецот ќе станат слободни агенти.

Агентот на Варан е во преговори со претставници на Интер Мајами околу евентуален трансфер на 31-годишниот поранешен играч на Реал Мадрид.

Друга опција за Варан е клуб од Саудиска Арабија, каде веќе играат голем број ѕвезди во подем на светскиот фудбал

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close