Варан позитивен на коронавирус, го пропушта мечот против Ливерпул

Фудбалерот на Реал Мадрид, Рафаел Варан, ќе отсуствува од теренот во следните две недели поради позитивен тест на коронавирус

Варан, како што соопшти Реал, ќе го пропушти вечерашниот прв четвртфинален натпревар против Ливерпул во Лигата на шампиони, а речиси е извесно дека нема да биде во составот ниту на големото дерби на шпанската Примера против Барселона в сабота.

Францускиот одбранбен играч настапува за Реал од 2011 година, а досега на 355 натпревари постигна 17 голови.

Back to top button
Close