Вардар против Куманово за трофејот во женскиот ракометен Куп

– Ракометарките на Вардар ќе играат против Куманово во финалето од овогодишното издание од Македонскиот ракометен куп, откако вечерва триумфираа над екипата на Чаир со 31:27 (15:7).

Вардар целосно доминираше во првите 30 минути од втората денешна полуфинална пресметка во салата „Автокоманда“ во Скопје и по воведните 4:4 со серија од 11:3 стигна до убедливи плус осум на полувреме.

Ракометарките на Чаир во продолжението заиграа поквалитетно и во неколку наврати ја преполовија предноста на противникот, но Вардар не дозволи да дојде до целосен резултатски пресврт.

Битката за трофејот во женскиот ракометен куп е на програмата утре со почеток од 14:30 часот.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close