Вархеји утре ќе го претстави Пакетот за проширување за 2021 година

Европскиот комесар за соседство и проширување Оливер Вархеји утре ќе го претстави Пакетот за проширување за 2021 година, кој вклучува извештаи од Европската комисија за земјите кандидати и потенцијалните кандидати за членство во Европската унија.

Во својот говор пред членовите на Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент (АФЕТ), се очекува Вархеји да ја потврди посветеноста на ЕУ кон процесот на проширување, се додека земјите кандидати спроведуваат кредибилни реформи и го почитуваат владеењето на правото, соопшти АФЕТ.

Пакетот за проширување усвоен од ЕК секоја година вклучува проценка на ситуацијата во процесот на пристапување и спроведување на реформите во седум земји кои сакаат да се приклучат на ЕУ.

По оценката на Комисијата за реформите во секоја земја која е во процес на европска интеграција, известувачите од АФЕТ ќе изготват нацрт-резолуции за тие земји со заклучоци и препораки од Европскиот парламент

Back to top button
Close