“Вашингтон пост“ предложи десет политичари од Демократската партија за замена на Бајден во претседателската трка

По завршувањето на првата предизборна дебата во која учествуваа актуелниот претседател на САД Џо Бајден и неговиот противкандидат Доналд Трамп во американските медиуми се наметна прашањето што ќе се случи доколку Бајден се откаже од претседателската трка, како и кој би бил следниот чекор на демократите кои се негови поддржувачи.

Според американските медиуми, студиото на Си-ен-ен, каде што се одвиваше дебатата повеќе личела на состанок на кризен штаб отколку на емисија во која треба да се покажат „на дело“ претседателските кандидати. Во таа насока се нижат и анализите на медиумите, чии наслови велат дека треба да се размислува од потребата да се најде решение за проблемот во кој Бајден ја вовлече Демократската партија.

Неговиот настап на дебатата, според аналитичарите, бил толку лош што дури и медиумите, кои се вообичаени жестоки критичари на Доналд Трамп, го предложија неговото повлекување од трката за претседател на САД како најбезболен излез од ситуацијата.

Во таа насока, и „Вашингтон пост“ (ВП) именува десет политичари на Демократската партија кои би можеле да го заменат американскиот претседател Џо Бајден во изборната трка, истакнувајќи дека промената нема да биде воопшто лесна.

Весникот пишува дека по „некохерентниот“ говор на претседателот на Си-ен-ен за време на дебатата во Атланта, Демократската партија почнала да го покренува прашањето за номинирање на нов кандидат за претседателските избори.

„Њујорк тајмс“ го повика Бајден да се откаже од кандидатурата: Најголема услуга ќе направите ако се повлечете од претседателската трка

За тоа да се случи, според „Вашингтон пост“, потребна е согласност од самиот Бајден, за кого на конвенцијата на Демократската партија во август гласаа речиси сите делегати.

Сепак, по дебатата со Трамп, стигнаа повици Бајден да се повлече, најмногу од оние што му се лојални.

Во едиторијалот објавен вчеравечер со наслов „За да ѝ служи на земјата, претседателот Бајден мора да ја напушти трката за Белата куќа“, „Њујорк тајмс“ го опиша 81-годишниот лидер на САД како „лидер во сенка“, посочувајќи дека „паднал на сопствениот испит“.

„Под негово водство, земјата напредуваше и почна да се соочува со низа долгорочни предизвици, а раните што ги отвори Трамп почнаа да зараснуваат. Но, најголемата услуга што Бајден би можел да ѝ ја даде на јавноста сега е да објави дека нема да се кандидира за негов реизбор“,пишува „Њујорк тајмс“.

Дебата која се случи завчера вечерта меѓу актуелниот американскиот претседател и кандидат за втор мандат Џо Бајден и неговиот републикански ривал и противкандидат на претстојните претседателските избори во САД, Доналд Трамп, крена голема прашина не само во јавноста во САД, туку и на останатите континенти.

Back to top button
Close