Вечера на лидерите на Западен Балкан со Борел идната недела во Брисел

Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Јосеп Борел, потврди дека идната недела се поканети на вечера шесте лидери на земјите од западен Балкан за да се разговара со нив за стратегијата на ЕУ во регионот, јави дописничката на МИА од Брисел.
Иако Борел не даде точен датум, според дипломатите се очекува вечерата да се одржи на 18 мај во Брисел.
Целта на високиот претставник е да ги собере шесте лидери од регионот за да ги слушне нивните мислења за тоа како ЕУ да биде поангажирана и поприсутна во регионот.
Оваа дискусија денеска веќе се одржа со земјите членки на Европската Унија.
Борел инсистираше дека е неприфатливо што Западен Балкан две години не се нашол на дневен ред на дебатите на Советот за надворешни работи на ЕУ со кој тој претседава и увери дека нема да дозволи да поминат повторно две години без регионот.
Западен Балкан повторно ќе биде на агенда пред летото, рече тој.
-Западен Балкан е дел од проблемот, но е дел и од решението, рече Борел и порача дека е потребно да се дискутира за геополитичката димензија на регионот со неговите претставници исто така.
Тој додаде дека вакцините кои ЕУ ги донираше за Западен Балкан не се донирани со никакви услови

Back to top button
Close