Велешанка приведена во полиција, во домот ги оставила петте малолетни деца и заминала за Скопје

Полициски службеници од Полициската станица „Ѓорче Петров“, синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно, во СВР Велес, било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала за Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.






