Велика Британија ќе инвестира над 100 милијарди евра во наука, иновации и одбрана до 2030
Британската Влада најави дека до 2030 година ќе инвестира 86 милијарди фунти (приближно 100,62 милијарди евра) во наука, иновации и одбрана.
Во владиното соопштение се наведува дека средствата ќе се насочат кон области што се приоритет за граѓаните – здравството, безбедноста и економијата. Инвестициите треба да донесат забрзан развој во најдинамичните сектори како технологија, наука и национална безбедност.
Дополнително, ќе бидат издвоени 30 милијарди фунти за јакнење на националниот здравствен систем, кој се соочува со сериозна криза.
Се очекува следната недела Владата да ги претстави буџетските насоки, кои предвидуваат и кратења на социјалните програми и административните трошоци. Овие најавени мерки веќе предизвикаа масовен протест во Лондон