Велика Британија со над 150.000 смртни случаи од корона

Велика Британија денеска пријави 313 смртни случаи од Ковид-19, со што вкупниот број починати од почетокот на пандемијата изнесува 150.057 лица, и ја прави земјата една од најтешко погодените во Европа.

По неколку недели рекордни бројки на заразени со новиот сој Омикрон, во последните неколку дена, бројот на заразени опаѓа: податоците објавени од Владата покажуваат дека денеска за 24 часа биле пријавени 146.390 случаи.

Здравствената служба за Англија објави дека на 2 јануари повеќе од 39.000 болнички работници отсуствувале од работа затоа што морале да бидат изолирани поради инфекција или биле во контакт со позитивно лице, што е за 59 отсто повеќе од една недела порано, а трипати повеќе отколку на почетокот на декември.

Back to top button
Close