Велосипедски настан за подигање на свеста за машкото здравје „Пуштам БРК, БРКам здравје“
– Во Градскиот парк во Скопје денеска ќе се одржи голем велосипедски настан за подигање на свеста за значењето на машкото здравје под слоганот „Пуштам БРК, БРКам здравје“.
Во рамки на настанот, организиран од dm дрогерие маркт, ќе се одржат три посебни велосипедски активности чија цел е да се поттикне машката популација кон поголема грижа како правење на самопрегледи и редовни лекарски прегледи.
Учесниците е предвидено да возат рута од 100 километри низ Скопје или помала рута од 3,5 километри низ Градскиот парк.
Организаторите најавија дека покрај долгата и помалата рута, ќе се одржи и активност со статични велосипеди пред Школка во Градскиот парк каде секој посетител ќе може да вози и на голем екран ќе се исцртува голем мустаќ. Целта е сите присутни заеднички да дадат придонес за подигање на свеста за машкото здравје.