Верстапен: Нема да ни биде лесно во Монако

Трикратниот светски шампион Макс Верстапен пред почетокот на тркачкиот викенд за Големата награда на Монако изјави дека патеката во Монте Карло нема да биде најдобра за Ред Бул и ја прокоментира разликата со останатите тимови.

-Беше јасно кога отидовме во „Имола“ после Мајами дека разликата многу се скрати. Во Монако сè зависи од тоа кој ќе ги пронајде најдобрите поставки. Важно е да бидеме на нашето најдобро ниво, на 100 отсто. Можеби тоа не е секогаш можно, но ние се стремиме кон одредена висина и можеби во последно време не ја достигнуваме, но секој викенд се обидуваме повторно и повторно да ги најдеме најдобрите поставки за автомобилот. Гледајќи ја патеката, можеби нема да биде најдобра за нас. Мислам дека нема да биде лесен викенд, изјави Макс.

Викендот за Големата награда на Монако започнува денеска, петок, со два тренинга.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close