Верстапен пред ГН на Мексико: Подобро да се започне од третата отколку од втората позиција

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен зборуваше за резултатот во синоќешните квалификации за Големата награда на Мексико. Тој заврши на третата позиција.

Во брзиот Холанѓанецот мораше да ја намали брзината поради фактот што неговиот тимски колега Серхио Перез и Јуки Цунода од Алфа Таури излетаа од патеката пред него.

-Се чини дека во текот на квалификациите ја загубивме оптималната рамнотежа на болидот. Но, во последниот круг сè течеше добро, а тогаш не знам точно што се случи пред мене. Очекував да се појават жолти знамиња поради оваа случка, па малку забавив.

Ако тоа не беше, тогаш ниту проблемите со балансот не би спречиле да се освои пол-позицијата. Не е најдобар резултат, но подобро е да се стартува од трето отколку второ место, изјави Верстапен.

Од пол-позицијата ќе тргне Валтери Ботас од Мерцедес, додека од второто место, неговиот тимски колега Луис Хамилтон.

Трката од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Мексико ќе почне вечер од 20 часот.

Back to top button
Close