Весна Змијанац заврши во болница – и се вкочани цела лева страна

Пејачката Весна Змијанац (68) беше итно примена во Ургентен центар. Како што објавија медиумите во Србија, на Весна целата лева страна од телото ѝ се вкочанила, поради што била принудена да побара итна медицинска помош.
– Добро сум. Морам да доаѓам на секои три месеци и да ја примам потребната терапија. Не стигнав сега бидејќи бев на пат, па дојдов дури сега. Уморна сум, ослабена и затоа состојбата малку се влоши – изјави таа за српски „Блиц“ и додаде:
– Сега ќе ме пуштат дома, не останувам тука. Сè е во ред.
Весна претходно се јавила во приватна здравствена установа поради општа слабост и вкочанетост на левата страна од телото.
По прегледот, поради промени на ЕКГ-то, лекарите од приватната установа се јавиле во Службата за итни случаи, која потоа ја упатила пејачката во Ургентниот центар.






