Ветото на Бугарија не е „бугарско вето“!

Лично, блокирањето на сегашната држава Бугарија на нашата евроинтеграција, не го сметам за „бугарско“ вето. И затоа апелирам, до сите фејсбук пријатели, да се воздржат од било каков говор на нетолеранција кон нашите пријатели Бугарите.

Имаме многу пријатели во Бугарија и тоа пријателство треба да продолжиме да го негуваме, наспроти обидите на некои политички елити да поттикнуваат нетолеранција и омраза меѓу Македонците и Бугарите. Тука издвоив само неколку од стотиците изјави на нашите бугарски пријатели, кои последниве месеци ја критикуваа политиката на Бугарија кон Македонија. Поради овие критики, многумина од нив беа јавно напаѓани и омаловажувани, како што беа и многумина наши сограѓани кои ги критикуваа македонските закоравени историско-политички догми од времето на поранешна Југославија.
Затоа, почит кон бугарските интелектуалци кои укажаа на неправдата! И слободно дополнете ги во коментар, сите што сум ги испуштил.

Ивајло Дичев: „Што прават нашите властодршци кога ќе се најдат во тесно? Уриваат некоја ромска колиба. Им објавуваат света војна на родовите кои самите си ги измислуваат. Политизираат светски кризи како оваа со коронавирусот. И се разбира- ги рекреираат историските војни за Македонија.“ / „Во меморандумот, испратен до земјите-членки на ЕУ, нашата влада открива кај југозападниот сосед подмолна „антибугарска идеологија“. Основното обвинување е тоа дека Северна Македонија воопшто постои – и доколку таа нова нација упорно одбива да се самоукине – тоа нашите го сметаат за акт на агресија.“ Ивајло Дичев, За Бугарија е акт на агресија самото постоење на Северна Македонија, 17.09.2020

Александар Ќосев: “…и коалицијата на „патриотите“ и голем дел од бугарското население живеат во романтичарско-патриотските митови од 19 век. А тие митови не секогаш одговараат на фактите и на модерната перспектива на фактите.“ / „Ако продолжиме да талкаме назад во историјата, наместо да се фокусираме на тековните проблеми и да размислуваме за заеднички живот во обединета Европа, овој проблем едноставно не може да се реши.“ Александар Андреев, Ќосев: Бугарите талкаат низ историјата, https://www.dw.com/mk, 29.10.2020

Чавдар Маринов: „…во голем степен официјалните бугарски позиции што ги слушаме денес се формулирани токму во времето на Живков. Навистина, дел од бугарскиот историски наратив за Македонија датира од порано (посебно тезите за средновековната историја, за преродбата во XIX век и т.н.), меѓутоа, неговото конечно кодифицирање се случува имено за време на социјализмот.“ Маринов: Во Бугарија се уште живее сонот за „ребугаризација“ на Македонија Deutsche Welle – 05.11.2020

Stefan Ralchev: Не мога и няма да толерирам самоустановилия се тоталитарен режим в България по отношение на “македонския въпрос”. Глас се дава само на закоравели последователи на тодорживковата линия за Македония от шейсетте години на миналия век – те са членове на Комисията, те са по медиите, тях слушат хората от сутрешните студия., https://www.facebook.com/stefan.ralchev/posts/10164331015265504 07.11.2020

Димитар Бечев: „Од 60-тите години во Бугарија има консензус дека Македонија е дел од историјата, дека македонската нација е нешто вештачко, меѓутоа, сите нации се вештачки, и бугарската, вклучувајќи ја. И додека тој консензус, кој е хипотека од минатото, не биде проблематизиран – и тука улогата е на историчарите, на стручњаците за општествени науки – додека тој е доминантен, ќе имаме проблеми“ #CLICKPLUS | 10.11.2020

Стефан Дечев: „Уште откако започнаа разговорите за историјата во Мешовитата комисија, бугарската страна тргна од една погрешна позиција: дека целата вистина е на бугарска страна, а македонската страна речиси треба да ја препише бугарската историја до 1944 година.“ Дечев: Во Бугарија се замолчуваат гласовите кои мислат поинаку за историскиот спор Deutsche Welle – 12.11.2020

Stefan Ralchev: Прекрасна ирония. Македония се класира за Европейско първенство по футбол, докато България я спира за политическа Европа. България е последна дупка на кавала и във футбола, и в политиката на Европа. https://www.facebook.com/stefan.ralchev/posts/10164352633640504

Dimitar Bechev: На Каракачанов му е лесно да блокира Северна Македония за ЕС – нито роднини има там, нито пък приятели. https://www.facebook.com/dimitar.bechev.1/posts/10164759709325392

Ивајло Дичев: Загрижени сме што нашите окупатори, кои се ставија во служба на Хитлер, беа наречени „фашисти“. Но, ве потсетувам дека до ’89 година доминантно мислење во нашата земја беше дека тој режим е „монархофашистички“, и многу историчари во нашата земја сè уште го нарекуваат така. / Така, бугарската историска реконструкција, чија цел е да ја убеди публиката за тоа колку сме големи, повторно нè прави играчка во рацете на другите, нè прави посиромашни, изолирани. Затоа што нациите успеваат кога гледаат напред, а не на она што неповратно го изгубија. Дичев: Апсурдното вето за С. Македонија зборува за бугарските комплекси, https://a1on.mk/macedonia/dichev-apsurdnoto-veto-za-s-makedonija-zboruva-za-bugarskite-kompleksi/, 17.11.2020

Константин Мишев: Ако човек има корен от Македония. Ако човек има деди, загинали за Македония. Ако човек днес има поне един братовчед в Македония. Ако човек обича нашите братя в Македония. Такъв човек не би могъл да бъде срещу присъединяването на Северна Македония в Европейския съюз. https://www.168chasa.bg/article/9231035, 17.11.2020

Жарко Трајановски – Фејсбук статус

Back to top button
Close