(Видео) 18 загинати во експлозија во фабрика за петарди во Индија

 

Најмалку 18 лица загинаа денеска во експлозија во фабрика за петарди во индустриска зона во областа Банасканта во индиската сојузна држава Гуџарат.

„Осумнаесет лица загинаа во инцидентот, а пет беа повредени откако ѕид од зграда се урна по голема експлозија“, рече началникот на полицијата Акшајрај Маквана, според Hindustan Times.

Повеќето од жртвите се работници од државата Мадја Прадеш и членови на нивните семејства.

Back to top button
Close