(ВИДЕО) 360° Тасева: Владата требаше да го разреши Рашковски, а не да чека да си поднесе оставка

Претседателката на „Транспаренси интернешнл Македонија“ и поранешна претседателка на Антикорупциската комисија, Слаѓан Тасева, во вечерашната дебата на „360 степени“ дискутирајќи за случајот со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци рече дека Владата требало веднаш да го разреши Драги Рашковски од функцијата секретар во кабинетот на премиерот.

„Владата требаше веднаш да го разреши, а не да чека тој да поднесе оставка на еден или два дена пред да се отвори истрага против него“,

вели Тасева.

Таа ги коментираше и изјавите на премиерот Зоран Заев, кој во неколку наврати отворено го поддржа Рашковски велејќи дека набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци била законска и според процедурите.

„Премиерот сме го виделе неколкупати со такви изјави, но сметам дека треба да се воздржува од такви коментари. Особено кога не учествувал во целост, односно не знаеме што се случувало во позадина. Но, сепак, набавката можеби била спроведена во целост законски, но како дошло до тоа и што се лсучувало наоколу е друго прашање. Затоа, велам дека секогаш треба да се има воздржаност“,

вели Тасева.

Back to top button
Close