ВИДЕО: Ја врза куќата за да не ја однесе ураганот и така успеа да ја спаси
Жителите на Флорида со денови биле известувани за разорниот ураган Милтон, со цел навреме да се евакуираат и да го обезбедат својот имот.
Florida resident Pedro Casares strapped down his home ahead of Hurricane Milton hitting.#floridaman #florida #hurricanemilton #legendary pic.twitter.com/pzoc76xL3D
— Rene (@Rene36773442) October 10, 2024
Педро Касарес имал уникатна идеја, која се покажала ефикасна – ја врзал куќата за тревникот за да не ја однесе ветрот.
Педро ја прикачил куќата на тревникот од сите страни со рамномерно распоредени ленти. Куките што ги држеле лентите биле вкопани во земја на длабочина од 2,5 метри и наполнети со цемент.
Според ќерката на Педро, подготовката на куќата за ураганот чинела 2.000 долари.
Сите се смееја на изумот на Педро на социјалните мрежи, споредувајќи го со нешто што бандата Душко Долгоушко би го направил во цртан филм.
Ден по ураганот, репортери од локалните медиуми и Си-Ен-Ен го посетија Педро за да проверат дали неговата куќа сè уште е на место и беа сигурни дека е.
Неговата ќерка на TikTok објави дека куќата претрпела само мала штета, но дека ништо драматично не се случило. Таа додаде дека нејзиниот татко сè уште не ги отстранил лентите и нема да го стори тоа се додека трае сезоната на урагани