ЦГК: Од конкуренти, унгарски „Икарус“ и кинески „Зонгтонг“ одеднаш станаа партнери во постапката за набавка на 150 електрични автобуси
Од конкуренти, унгарскиот „Икарус“ и кинескиот „Зонгтонг“ одеднаш станаа партнери во постапката за набавка на 150 електрични автобуси – нотира Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) во своето истражување „Јавен надзор над јавните набавки:Студии на случај (издание бр.3)“. Во истражувањето се посочува дека тендерот за набавка е спроведен трипати за 15 месеци, при што во вториот тендер унгарскиот „Икарус“ и кинескиот „Зонгтонг“ настапиле како конкуренти, а во третиот доставиле заедничка понуда, која потоа е избрана за најповолна.

Од ЦГК посочуваат дека победничката понуда, во која како подизведувач се јавува и ЕВН Македонија, не е најниска и е избрана откако две поевтини понуди беа отфрлени. Вредноста на набавката е 60 милиони евра, од кои 57 милиони за автобусите и три милиони евра за станиците за полнење.
Во истражувањето се посочува и дека идните електрични автобуси ќе имаат значително помал капацитет од сегашните на ЈСП „Скопје“. Новите автобуси ќе имаат капацитет од 66 патници, што е за 20 места помалку од последно купените автобуси од Град Скопје и за 30 од автобусите донирани од Европската Унија.
посочуваат од Центарот за граѓански комуникации.
Се додава дека комбинацијата од повторување на тендерот, промени во условите, променливиот состав на понудувачите и недостигот на образложение за правените промени во описот на автобусите и полначите создава зголемен ризик од фаворизирање и ограничување на конкуренцијата, што ги доведува во прашање начелата на конкуренција, еднаков третман и транспарентност од членот 3 од Законот за јавните набавки






