ВИДЕО: Адвокат во Индија фрли чевел кон претседателот на Врховниот суд поради коментари за Вишну

Адвокат во Индија фрли чевел кон претседателот на Врховниот суд, Бушан Рамкришна Гаваи, откако очигледно бил налутен од неговите коментари за хиндуизмот.

Ракеше Кишор го изврши нападот вчера за време на судското рочиште во Делхи, што се смета за сериозна јавна навреда и нарушување на безбедноста низ цела Индија. Тројца адвокати присутни во судницата потврдија за Би-Би-Си дека чевелот бил фрлен кон Гаваи, а еден од нив рече дека дека „го поткачил Гаваи и друг судија и паднал зад нив“.

Додека обезбедувањето го воделе надвор од судницата, Кишор рече дека „Индија нема да толерира навреда на хиндуизмот“. Тој е суспендиран поради инцидентот.

Адвокатот Рави Шанкер Џа, кој бил во судницата за време на инцидентот, изјави за Би-Би-Си дека Кишор „го фрлил чевелот и ја кренал раката за да покаже дека го фрлил чевелот“.

– Откако Кишор беше уапсен од обезбедувањето, претседателот на Врховниот суд им рече на адвокатите да продолжат со своите аргументи и да не бидат вознемирени, рече Џа.

– Претседателот на Врховниот суд Гаваи остана смирен цело време, додаде Анас Танвир, друг адвокат кој беше во судницата. Претседателот на Врховниот суд не коментираше јавно за инцидентот. Индиските власти подоцна изјавија дека нема да бидат поднесени обвиненија против Кишор.

Во разговор за индискиот весник „Принт“, Кишор рече дека совет предводен од претседателот на Врховниот суд неодамна отфрлил судска петиција при што претседателот на Врховниот суд изнел забелешки за хиндуистичкиот бог Вишну.

Отфрлајќи го барањето за реконструкција на двометарска статуа на богот Вишну во храм во државата Мадја Прадеш минатиот месец, претседателот на Врховниот суд рече: „Оваа парница е чисто за публицитет … Одете и побарајте од самото божество да направи нешто“.

Коментарите предизвикаа контроверзии, а некои го обвинија дека ги исмејува хиндуистичките верувања. Судијата Гаваи подоцна ги призна критиките, велејќи дека ги почитува „сите религии“.

Фрлањето чевел кон некого на јавно место се смета за чин на непочитување и понижување во Индија и во многу други земји.

Back to top button
Close