(ВИДЕО) Јанчева: Кој е интересот на Мицкоски што штити криминал од 150 дивоградби?

Прес конференција на СДСМ, Љубица Јанчева координаторка на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Еден од најсериозните урбани скандали во последната деценија, над 150 дивоградби во Чаир е без никаква институционална реакција.

И наместо овој скандал да биде предмет на итна истрага, санкции и одговорност – власта ја штити урбаната мафија.

Се издавале фалсификат решенија, се правеле згради каде што требало да има улици, со еден збор тотален хаос.

И наместо акција на институциите, Мицкоски зборува за “дестабилизација”, истиот рефрен кој го слушавме од Груевски кога се обидуваше да прикрие криминал.

Но јавноста веќе знае:

Кога ВМРО-ДПМНЕ зборува за дестабилизација – некој од нив е фатен на дело!

Кој интерес стои зад заштитата на овие 150 дивоградби?

Зошто Мицкоски не бара одговорност од своите коалициски партнери во ВЛЕН?

Зошто Панче Тошковски не отвора истрага?

Кој го контролира урбаниот криминал во Чаир – и што добива ВМРО-ДПМНЕ за возврат?

Овој скандал е тест за владеење на правото. А власта падна на тој тест. Наместо санкции – штитат криминал. Наместо постапки – закани и сценарија за страв.

Како советничка група бараме вонредна седница на Советот на Град Скопје.

Советот има обврска за вака важно прашање да дискутира, да видиме дали и во други општини под власт на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ има вакви криминали со дивоградби.

Ова не е политичка битка – ова е борба за поредок, за правда и за скопјани.

СДСМ ќе продолжи да ја разоткрива оваа криминална спрега и ќе инсистира на правна разврска. Урбаната мафија мора да падне, а граѓаните да добијат држава во која владее законот – не интересот на партиите на власт.

 

Back to top button
Close