ВИДЕО| Андоновиќ: 100 дена војна во Украина – Каде згрешија Русите, а каде Украинците во досегaшните борби?

Руско-украинската војна влезе во 100-тиот ден. Во изминатиот период, ниту руската армија успеа брзо да ја освои Украина, ниту Украинците успеаја да ги победат Русите.

Имаше голем број мртви цивили, неколку неуспешни офанзиви, масовно вооружување на Киев со модерно тешко оружје, што требаше да ја сврти војната во полза на одбраната од рускиот агресор.

Фото: Генералштаб на украинската армија

Сепак, како што одат работите, војната е далеку од завршена. Руската армија моментално контролира 22 отсто од територијата на Украина, неколку клучни градови, кои се сите стратешки важни за Русите. Има и такви кои тврдат дека Украинците згрешиле што го избрале Донбас наместо Киев за место на битката.

Во Донбас руската армија оди на целосно опколување и уништување на украинските сили, што е примарна цел на Русија, а не на окупација на самата територија.

Во воената наука е познато дека ниедно оружје не може да го смени текот на војната, како што тоа може само промена на тактиката.

украински војници украина киев
укранска армија Киев
EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Првите 60 дена од војната во Украина беа одбележани со тоа што Русите испратија во Украина 200.000 војници, очекувајќи дека кога ќе дојдат во Киев, Украинците ќе ги повлечат сите свои сили од исток и ќе ги ангажираат во одбрана на главниот град.

Но тој концепт пропадна како лоша проценка на рускиот Генералштаб. Украинската армија ги задржа постоечките позиции во регионот на Донбас каде веќе 20 дена се водат жестоки битки за секое населено место.

Успеаја да ги задржат руските сили и практично во јавноста да прикажат дека Русија се повлекла од Киев и од Харков и дека руската армија нема сили за продолжување на војната.

руска армија EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Но, се чини дека сега украинската армија е пред слом и единството решение е да се повлече кон Киев преку реката Дњепар. Но така би морале да го остават вториот по големина град Харков небранет и лесен плен за Русите, што се толкува како евентуална тактика на воениот врв во Москва. Харков е помал од Киев и многу полесно ќе може да се опкружи откако за тоа ќе дојде време.

На теренот Украина полека покажува дека нема ниту сила ниту способност за долготрајна војна. Колку подолго трае војната, толку полоша ќе биде украинската армија.

Украински тенкови, Фото: Profimedia

Од друга страна, Киев, Харков и исцпрувачката битка за Мариупол покажаа дека моќната руска армија тешко може да се справи со задачите псотавени од руското раководство. Многу време, жртви и опрема беа жртвувани за уништувањето на Украинците засолнети во челичарницата Азовстал. Нешто што влијаеше и врз воениот борбен морал на Русите и за исправноста на оваа специјална операција во очите на руските граѓани.

Back to top button
Close