(ВИДЕО) Андоновиќ: Рекорден број на распоредени руски војници долж границата со Украина- најава за упад или заплашување?

Според извештаите на западните разузнавачки служби Москва во моментов има распоредено над 150 илјади свои војници долж границата со Украина.

Бројноста на трупите и воените единици е двојно поголема од онаа која беше ангажирана пред неколку години кога беше окупиран и анектиран полуостровот Крим.

Распоредувањето на трупите беше дел од воената вежба на руската армија која маневрите ги започна по извештаите за трупање на воени единици на Украинската армија кон источните региони Луганск и Доњецк каде живее мнозинско руско население.

Воените позиционирања на Украина беа протолкувани како обид на Киев да воспостави целосна контрола врз руските региони на Домбас. Москва веднаш одговори со трупање на своите сили на границата, така подигајки ги дополнително стравувањата од можен вооружен конфликт. Токму присуството на воените сили ги загрижи европјаните кои за прв пат од студената војна, на своите граници имаат огромна вооружена Руска единица.

Во моментов е забележано најголемо присуство на руски воени трупи на границата со Украина, и кога ќе распоредите толку многу војници, искра може да се запали, оцени министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеф Борел. Борел ја изрази загриженоста дека Москва кокетира со своите вооружени сили.

Тензиите на Москва и западот се зголемени последниве денови по серијата протерувања на руски дипломати од земјите на ЕУ за нивната наводна вмешаност во разунавачки ликвидации и подметнување на експлозии. Прага пред два дена протера 18 руски дипломати, на што Москва возврати со ротерувања на 20 чешки дипломати од Русија. Но овој конфликт на виделина извади уште еден конфликт. Се работи за обвинувањата на Москва дека ЕУ и САД наголемо подготвуваат атентат врз белорскиот престедател Александар Лукашенко. Белорусија која е сојузник на Москва, се наоѓа на границата со Русија и Украина и доколку проруските власти на Лукашенко бидат урнати по рпимерто на Украина, и бидат доведени прозападни политичри, знчително би го скратиле маневрскиот простор на Москва за ширењето на руското влијание. Оттаму и интересотѕ на Москва да го одржи прорускиот Лукашенко, диктатор кој 30 години владее со Белорусија.

Покрај повикот за ставање крај на концентрирањето на воените трупи на украинската граница, Советот на ЕУ ги повика властите во Москва веднаш да му овозможат на осудениот лидер на руската опозиција, Алексеј Навални пристап до адекватна здравствена заштита. Затворениот опозиционер Навални, неодамна започна штрајк со глад, протестирајки поради условите во тој ја издржува затворскаат казна. Иако затворските власти соопштија дека тој има одлични услови, Навални обвинува дека не му е пружена здравствената заштита и лекувањето на проблемите со кои се соочува. Еден од лекарите на Навални предупреди дека тој елошо и дека секој момент може да го загуби животот. Оваа објава допоплнително ги наруши односите со Москва, а американскиот претседател Џозеф Бајден се закани дека Русија ќе се соочи со жестоки последици доколку нешто му се случи на опозиционерот и жестокиоткритичар на ПУтин, Навални.
Сепак се чини дека сите овие проблеми и евентуална де ескалација на односите би можеле да се случат на планираниот мини самит Бајден Путин, за кој Москва изрази подготвеност да учествува

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close