Видео: Андоновиќ: Русија постигнува воен напредок во Доњецк, Зеленски ги обвинува руските сили за геноцид

Војната во Украина влезе во својот 93-ти ден. Украинските сили соопштија дека Русија постигнала напредок во регионот на Доњецк.

Според последните извештаи руските копнени сили напредуваат кон стратешки важниот град Севернодњецк кој се очекува во наредните часови да биде целосно заземен. Жестоки борби се водат и околу главниот стратешки град Славјанск каде се концентрирани големи и добро вооружени украински воени единици кои го држат градот. Намерата на Руската армија е да го заземе Славјанск каде се наоѓа и главната врска за водоснабдување во целата Доњецка област.

Се јавува дека повеќе недели градот Доњецк и останатите градови во руската сепаратисичка област се соочува со недостиг на вода. Според некои информации, токму овој проблем со водоснабдувањето била и главната причина за промената на стратегијата на руската воена команда која, за побрзо да го деблокира недостигот на вода ги повлекла сите воени единици кои претходно го држеа под опсада вториот по големина украински град Харков.

Руската воена команда смета дека откако ќе ги освои градовите Севернодоњецк и Славјанск потоа лесно ќе се врати на старите позиции околу Харков кој се наоѓа во близината на руската граница и каде речиси и да нема позабележителни украински борбени единици.

И украинските сили соопштија дека Русија постигнала напредок во источниот регион Доњецк и дека окупирала област на околу 16 километри оддалечена од важниот град Бахмут.

Според досегашните извештаи, руската армија ја сосвоила речиси целосно Луганската област и сега главната битка се очекува да се случи во Доњецк, која се очекува да биде најголем копнен судир на две армии по Втората светска војна.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека Русија води „политика на геноцид“ во Донбас, дека борбите таму во наредите денови ќе бидат вистинско „крвопролевање“

Со цел да и помогне на Украинската армија во борбите против руските сили администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден најави дека ќе ги испрати напредните ракетни системи со долг дострел што ги бараат украинските воени команданти. Ваков тип на проектли досега не и беа испорачувани на Украина, и се очекува дека со нивна употреба би можел да се смени текот на војната.

Back to top button
Close