(ВИДЕО) „Блокада фест“ пред Титан Усје – протест со жива свирка
Пред главниот влез на цементарницата Титан Усје денеска има мирен собир на граѓани кои ги испраќаат своите протестни барања под паролата „Без Усје полесно се дише“.

Блокадата е организирана директно пред фабриката, поради што настанот е симболично насловен како „блокада фест“.
„Ги повикуваме сите граѓани на одговорно однесување. Да покажеме дека знаеме гласно, но културно да ги искажеме нашите барања“, порачаа од иницијативата.

Засега нема информации за промени во сообраќајниот режим во околината на фабриката.
Пред главниот влез на цементарницата Титан Усје денеска има мирен собир на граѓани кои ги испраќаат своите протестни барања под паролата „Без Усје полесно се дише“.
Компанијата Титан Усје и денеска го повтори ставот дека работи целосно во согласност со сите важечки закони, подзаконски акти и барањата на нашата А – Интегрирана еколошка дозвола
ТИТАН Усје работи како одговорна компанија во земјата повеќе од седум децении, придонесувајќи за националниот развој, локалната економија и снабдувањето со основни материјали за клучни инфраструктурни објекти, вклучувајќи болници, брани, патна и јавна инфраструктура.
Грижата за животната средина е основна вредност за ТИТАН Усје. Свесни сме дека заштитата на животната средина и квалитетот на воздухот предизвикуваат загриженост кај граѓаните и во нашето општество како целина. ТИТАН Усје внимателно ја следи јавната дебата, ги сфаќа сериозно овие проблеми и дава транспарентен придонес кон нивно решавање.
Работиме целосно во согласност со сите важечки закони, подзаконски акти и барањата на нашата А – Интегрирана еколошка дозвола – честопати применувајќи внатрешни стандарди кои се и построги од законските обврски. Нашите емисии континуирано се мерат преку 24-часовен независен мониторинг, со податоци јавно достапни и редовно доставувани до надлежните органи и до медиумите.
Редовните и ненајавените инспекции од страна на надлежните тела не констатираат никакви надминувања на законските лимити






