(ВИДЕО) Бочварски до Јаневска: Затворањето училишта ќе остави наставници без работа – кај тера оваа власт?
Пратеникот на СДСМ, Благој Бочварски, на денешната собраниска седница ѝ постави три пратенички прашања на министерката за образование и наука Весна Јаневска, кои се однесуваа на предложените измени на законите за основно и средно образование, најавената оптимизација на образовната мрежа и последиците што овие политики би можеле да ги имаат врз наставниот кадар, учениците и локалните заедници.

Бочварски оцени дека предложените законски измени не претставуваат суштинска реформа на образовниот систем, туку отвораат сериозни прашања поврзани со централизацијата на надлежностите, дополнителното финансиско оптоварување на општините и иднината на малите и руралните училишта.
Како особено спорна ја посочи најавената оптимизација на наставниот кадар, прашувајќи дали процесот не би можел да се реализира преку природен одлив на вработените, односно со нивно постепено пензионирање, наместо со мерки кои, според него, би можеле да остават сериозни последици врз наставниците, учениците и функционирањето на училиштата.
Тој предупреди и дека евентуалното затворање на училишта, особено во руралните средини, може дополнително да ја забрза миграцијата од селата кон градовите, бидејќи во многу населени места училиштето е единствената јавна институција што придонесува за одржување на животот и заедницата






