ВИДЕО: „Боинг“ удри во паркиран „Ербас“ на аеродромот во Ханој – суспендирани четворица пилоти
„Виетнам ерлајнс“ суспендираше четири пилоти откако авион „Боинг“ удри во паркиран „Ербас“ на пистата на аеродромот Нои Баи во Ханој, при што беше оштетен вертикалниот стабилизатор на „Ербасот“. Инцидентот се случи во петокот околу 14 часот, кога „Боинг 787“, кој се движел кон пистата за лет кон Хо Ши Мин Сити, удрил во „Ербас А321“ кој бил паркиран и се подготвувал за полетување кон Диен Биен.
Снимките што се појавија на социјалните мрежи го прикажуваат моментот кога десното крило на „Боингот“ директно го сече вертикалниот стабилизатор на „Ербасот“, оставајќи видливи оштетувања.
On Thursday, June 27, 2025, two #VietnamAirlines aircraft were involved in a ground collision at #Hanoi Noi Bai International Airport (HAN) in #Vietnam.
🎥 ©️ @phamtung2588#Boeing #B787 #Dreamliner #Airbus #A321 #aviation #avgeek #flights #travel #traveler pic.twitter.com/nStBDf9lYJ
— FlightMode (@FlightModeblog) June 28, 2025
Првичните информации укажуваат дека причината за инцидентот сè уште не е утврдена, но според првичните наоди, можна причина е неправилно паркирање на „Ербасот“.
По несреќата, „Виетнам ерлајнс“ суспендираше четири пилоти – по двајца од екипажот на двата авиони, додека трае истрагата. „Боингот“ е со оштетување на врвот од десното крило, а „Ербасот“ со сериозно оштетен стабилизатор.
Патниците не биле во опасност. Резервен авион ги превезе сите 386 патници од двата оштетени авиони до нивните предвидени дестинации.
За инцидентот е покрената детална истрага во соработка со Управата за цивилно воздухопловство на Виетнам, а независен тим ќе утврдува како дошло до судирот