(ВИДЕО) Брнабиќ: Србија се гради преку работа денеска низ солзи и гушење од чад од Собранието

Денеска во Народното собрание на Србија кога пратеници фрлија димни бомби и извија инциденти.
Претседателката на Народното собрание, Ана Брнабиќ порача дека Србија никогаш нема да застане и дека Србија мора да гради и ги повика пратениците да седнат и да работат.

„Имаме работа што мора да ја завршиме. Мораме да го донесеме Законот за високо образование и на тој начин да ги исполниме барањата на студентите. Мора да го усвоиме Законот за евтини станбени кредити за млади. Мораме да им помогнеме на нашите земјоделци. Имаме работа и Србија никогаш нема да застане. Србија се гради преку работа денеска низ солзи и гушење од чад од Собранието, додавајќи „Продолжуваме да работиме луѓе“.

Пратениците од опозицијата запалија факели, а собраниската сала се наполни со чад.

 

 

Back to top button
Close