ВИДЕО | Брутален ќотек: Се шират снимки како руски сили тепаат украински демонстранти  

Во украинските градови кои се окупирани од руските сили траат антивоени протести, објави Би Би Си, додавајќи дека протестите се мирни.

Но се појави снимка на која е евидентно како руската војска на демонстрациите употребува сила.

Британскиот медиум издвои наводна снимка од Твитер на која руските војници приведуваат и тепаат демонстранти во Бердјанск, но не можеа независно да ја проверат автентичноста на снимката.

„Луѓето во Бердјанск мирно протестираа против Русите, кои почнаа да ги приведуваат и удираат. Се слушаат и пукотници во воздух“, стои на објавата на видеото на Твитер.

Мнозинство демонстранти се собраа во градот Евергодар откако градоначалникот Дмитро Орлов на Телеграм објави дека руските војници го грабнале неговиот прв заменик Иван Самојдјук.

„Не знаеме во какво состојба е. Од вчера не сме во контакт со него“, порача Орлов, наведува Би Би Си.

 

 

Back to top button
Close