(ВИДЕО) Брутално претепување на човек од полицијата . Спасовски повикан итно да го испита случајот

На социјалните мрежи беше постирано видео каде се гледа полициска бруталност врз лице од ромска националност од страна на полицијата.

 

Полициска бруталност врз Ромите

РОМИТЕ НЕ СЕ ГРАЃАНИ ОД ВТОР РЕД! #МожетеПовеќеМожетеПолошоУжаснати сме од видеото кое се најде на социјалните мрежи каде се гледа полициска бруталност врз лица од ромската етничка заедница. Бараме секторот за внатрешна контрола при Министерство за внатрешни работи да го испита случајот и да ги санкционира сторителите. Zoran Zaev Bojan Maricik Oliver Spasovski ВЕТИВТЕ ДЕКА ПРАВДА ЌЕ ИМА? ВАКА ЛИ ИЗГЛЕДА ПРАВДАТА?Венко Филипче дo каде е истрагата за смрта на родилката од Шуто Оризари, дали воопшто случајот се истражува?ДО КОГА РОМИТЕ ЌЕ БИДАТ ЖРТВИ НА СИСТЕМОТ!ВРЕМЕ E РОМИТЕ ДА ГО КРЕНАТ СВОЈОТ ГЛАС!

AVAJA 发布于 2020年9月24日周四

 

Реакција за оваа бруталност на полицијата  дојде и од хелсиншкиот комитет и неговиот прв чове Уранија Пировска

Мислам дека Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди од видеово има доволно материјал за да може да преземе мерки против полициските службеници! Ваквите одвратни изживувања мора да бидат најстрого казнети! И после ќе ми речат, зошто немате доверба во полиција??? Е па еве зошто!, пишува на својот ФБ Пировска.

Настанот се случил во Битола, а според неоофицијални сознанија  се случила сообраќајка, Интервенирала полицијата, но дел од учесниците во незгодата не сакале да сорабoтуваат со полицaјците и се обиделе да побегнат. По кратка бркотница билe фатени и се случила тепачка.

Се очекува полцијата да излезе со детали за постапката на полицајците кои со клоци и боксови тепаат луѓе.

Back to top button
Close