ВИДЕО: Бунтовниците влегоа во луксузната вила на Асад

Сириските бунтовници утринава објавија дека ставиле крај на 24-годишното авторитарно владеење на претседателот Башар ал Асад во првата објава на државната телевизија по молскавична офанзива која го изненади светот, а сирискиот премиер најави дека е подготвен да соработува во трансферот на власта и повика на избори.

Командата на сириската државна армија ги известила припадниците на армијата дека повеќе не се во служба, дознаваат странските агенции од сириските воени кругови. Војниците ќе бидат повикани на должност доколку е потребно, велат воени извори.

Сириските бунтовници рано утринава влегоа во Дамаск, принудувајќи го претседателот Ал Асад да го напушти главниот град.

Граѓанската војна во Сирија, која трае од 2011 година, се разгоре кон крајот на ноември кога бунтовничкиот сојуз предводен од исламистичкото движење Хајат Тахрир ал-Шам започна ненадејна офанзива во северозападна Сирија. Со брзиот напредок, бунтовниците презедоа контрола врз неколку градови, вклучувајќи ги Алепо, Хама и Хомс, пред да влезат во Дамаск доцна синоќа.

Асад, кој брутално ги потиснува сите форми на несогласување за време на неговото владеење, рано утринава полета од Дамаск во непознат правец, изјавија за Ројтерс двајца високи воени офицери.

Back to top button
Close