(ВИДЕО) Данела Арсовска ги достави доказите до ОЈО Скопје за дивоградбите во Чаир

Според градоначалничката на Скопје, градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу е свесен за фалсификатите и незаконските дејствија кои ги сторил за легализација на дивоградби и истите се обидел да ги сокрие

Градоначалничката Данела Арсовска до ОЈО Скопје денеска ги поднесе доказите и документите во врска со дивоградбите во Чаир, откако претходно Обвинителството побара од Арсовска доколку има докази, да ги поднесе во Обвинителството.

„По службена должност прибавивме докази, најдовме фалсификати. Наместо да ги руши дивоградбите, градоначалникот на Чаир се обидува да ги легализира“,рече Арсовска пред ОЈО.

Според неа, градоначалникот Висар Ганиу е свесен за фалсификатите и незаконските дејствија кои ги стоирл, а истите се обидел да ги сокрие.

„Еве јас реагирам веднаш по повикот на Обвинителството, а треба да реагираат и тие и да одат да ги прибават доказите за да не ги уништат“,рече Арсовска.

Во врска со заканите по живот, за кои градоначалничката на Град Скопје рече дека ги добива, Обвинителството се понуди да ја сослуша за сите сомнежи што ги има и да ги провери сите околности.

Пред два дена градоначалничката дополнително алармираше дека, според нејзини информации, во Општина Чаир активно се уништуваат докази за фалсификатите и дивоградбите.

„Министерството за внатрешни работи е орган директно надлежен за заштита на животот на граѓаните, како и за откривање и спречување на тие што го загрозуваат. ОЈО Скопје е на располагање преку дежурен јавен обвинител, веднаш без одлагање, доколку сака градоначалничката, да ја сослуша за сите сомненија, сознанија и закани и да ги провери сите околности“,соопштија претходно од Обвинителството.

Back to top button
Close