ВИДЕО: Дарко Златев, еден од повредените во „Пулс“: Воопшто не се нервирам за моите раце што се вакви колку што ми е криво што го изгубив моето ангелче затоа што нема нешто повеќе што сум го сакал од неа!

Дарко Златев, еден од повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани емотивно сподели дека во кобниот пожар вечерта во дискотеката ја изгубил својата внука.

Тој вели дека воопшто не се нервира за неговите раце што се изгорени, туку што го изгубил неговото ангелче.


 

 

-Бевме на забава со моите другари во дискотеката и седевме точно кај бината од каде започна пожарот. Кога видов дека веќе се пали плафонот и почнав со мојата вода и со другарите да гасиме. Дојде и газдата на дискотеката со ПП-апарат почна да гаси ама тој ПП-апарат не беше соодветен. Пејачот на бендот ДНК почна да вика во тој момент излегувајте еден по еден тоа беше толпа на народ. Целиот плафон се запали, бев многу блиску до вратата и се заглавив на самиот излез. Снема струја, многу голем чад имаше, пискаа, викаа сите… Јас ги ставив само рацете да не ми изгори главата и веќе се откажав и другиот колега го видов како помага на луѓето и тој ме извлече надвор без патики, без алишта… Дојде брза помош ме однесоа во кочанската болница ми ставија инфузија, сестрите колку можеа помагаа на некои не можеа и ме однесоа за Скопје. Вечерта ме испратија за Белград имав трет степен изгореници на десната рака, имав потешкотии со дишењето. На левата рака имам трансплатации на прсти и на дланка, на десната рака имам кожа одземено од сопствените нозе. Се јавив на мојата сестра да прашам како е мојата внука, и она ми кажа дека е почината. Бев во депресија, не можев да го прифатам тоа што сум го изгубил. Воопшто не се нервирам за моите раце што се вакви колку што ми е криво што го изгубив моето ангелче затоа што нема нешто повеќе што сум го сакал од неа. И никогаш животот нема да ми биде ист како што ми бил до сега, вели Златев со солзи во очите.

@balkanmmoments #macedonia #viralvideos #fyp #macedonia🇲🇰 #balkan #balkantiktok #v #f #foru #foruyou #kocani ♬ Originalton – Roberto

(4news)

Back to top button
Close