(Видео) Демонстрантите ја запалија израелската амбасада во Јордан поради нападот на болницата


Израелската амбасада запалена во Аман, Јордан од протестантите, поради нападот на болницата. Во моментов Бајден е на посета на Јордан.

Стотици луѓе излегоа на улиците низ Западниот Брег во знак на протест поради експлозијата во болница во Газа, пишува The Times of Israel. На видео снимките од градот Рамала се гледаат демонстрантите кои извикуваат: „Народот сака претседателот да падне“. Тие се незадоволни од согледаната неактивност на претседателот на палестинската управа Махмуд Абас во светлината на израелската војна во Газа.

Има извештаи за судири меѓу демонстрантите и палестинските безбедносни сили и во други градови на Западниот Брег. Инаку, утре Абас требаше да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден, кој пристигнува во посета на Блискиот Исток. Сепак, вечерва дојде веста дека Абас ја откажал планираната средба.

Back to top button
Close