(ВИДЕО) Диди кани 13-годипна актерка на приватна забава – Се шири видео, корисниците на мрежите велат „Ова е страшно
Старо видео во кое Шон Диди Комбс повикува млада актерка на забава повторно стана вирално, и тоа среде обвинувањата дека музичкиот магнат наводно сексуално злоставувал малолетници. Во клипот од Ем-ти-ви филмските награди 2003 година, тогаш 33-годишниот рапер ѝ приоѓа на 13-годишната Девеј Чејс и ја прашува: „Дали вечерва доаѓаш на забавата по доделувањето?“, додека во раката држи пијалак.
Resurfaced footage shows Diddy inviting 13-year-old actress Daveigh Chase to one of his infamous after-parties.
Diddy is facing a fresh lawsuit, accusing him of d*ugging and r*ping a 13-year-old girl, while two other celebrities—a man and a woman—allegedly stood by and watched. pic.twitter.com/lTfUVBUGg1
— Shadow of Ezra (@ShadowofEzra) October 22, 2024
Чејс кимнува со главата во знак на одобрување, а Диди потоа се смее. На видеото се гледа и актерот Ештон Качер кој се смее заедно со нив. Се чини дека Диди и младата актерка се запознале порано вечерта, кога Диди и Качер ѝ ја доделиле на Чејс наградата за најдобар негативец за улогата на Самара во хорор хитот „Круг“.
Видеото предизвика многу бурни реакции, па многу корисници на социјалните мрежи сега го споделуваат со коментари како: „Диди ваквите работи ги правел јавно, замислете што се случувало зад затворените врати“ и „Ова е страшно. Се надевам дека ќе добие доживотна казна“.
Да потсетиме, Диди е уапсен во Њујорк и е во притвор и се соочува со обвинувања дека сексуално злоставувал жени и ги терал да учествуваат во секс-забави и да користат дрога користејќи закани и насилство.
Неделава против него беа поднесени уште пет обвиненија. Меѓу тужителите има двајца мажи и три жени, од кои едната тврди дека имала 13 години кога Комбс ја силувал. Дополнително, Комбс се товари дека дрогирал еден маж и три жени