Дудуш пред портите кај Арсовска: Сте слушнале ли за одговорност
Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, денеска на протестот пред Град Скопје упати неколку прашања до градоначалничката Данела Арсовска.
Тој побара објаснување зошто во Шуто Оризари и денеска нема автобуси, како и зошто, и покрај најавите за собирање на смет, ситуацијата на терен останува проблематична.„Сте слушнале ли за зборот одговорност? Поднесете си одговорност за вашите не-дела и покажете политичка зрелост“, рече Дудуш.
Протестот од неколку стотина жители на Шуто оризари помина мирно. Иако учество најавуваа студентите и средношколци тие не дојдоа пред градското собрание.