(ВИДЕО) Филипче: Христовски нема 5 години искуство за да биде директор на АНБ
„Ова се документи доставени од нас од свиркачи. Изводи од Агенцијата за вработување и Фондот за здравствено осигурување. Со малку математика може да се оспори и главниот услов за негово назначување а тоа е 5 години стаж на раководни позиции, согласно законските услови. Ни тој услов не го исполнува вашиот партиски кадар.
Нели, господине Мицкоски, ветувавте поразличен начин на работа? Нели мерит систем некој најавувате? Вашето поимање за Мерит систем е по заслуга ама во партија. Кој најмногу заслужил кај лидерот на позиција“-рече Филипче.
Претседателот на СДСМ, Филипче истакна дека професионализмот мора да се заштити и АНБ да биде во функција на државните интереси, а не на интересите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој побара Христовски да биде разрешен, да биде назначен нов директор на АНБ а надлежните институции целосно да го истражат случајот и да има одговорност