(ВИДЕО) Филипче: Недозволиво е премиер да нарачува работа на јавен обвинител од собраниска говорница

Недозволиво е премиер од собраниска говорница да нарачува што треба да работи јавниот обвинител, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање на денешниот брифинг со медиуми посочи дека однесувањето на власта претставува сериозно отстапување од демократските принципи и ја покажува концентрацијата на моќ во рацете на еден човек.

„Единствена партија која што има вистински автократски манири е ВМРО-ДПМНЕ, единствена партија што нема потпретседатели и тоа е сериозен проблем. Не може сè да зависи од еден човек, не може еден човек да кажува и да нарачува што јавниот обвинител треба да работи и тоа да го прави од партиска говорница. Тоа е недозволиво во една демократија. Јасни се автократските манири и тенденции, а ние ги најавивме одамна, има повеќе од година дена кога најавивме како ќе се движи оваа држава”, рече Филипче.

 

Тој додаде дека владината коалиција со недемократското владеење ја води државата во погрешна насока.

„Сега ја води државата една целосно недемократска власт, една коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ чии што лидери имаат многу слични карактеристики, едниот ја предаде партијата, Максим Димитриевски, а Мицковски ја предаде државата”, нагласи Филипче.

 

Back to top button
Close