(ВИДЕО) Фрчкоски: Не го минав лесно коронавирусот, не треба да се шегуваме со ова

Професорот Љубомир Фрчковски во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 разговараше и за тоа како тој го поминал коронавирусот.
„Тешко е, не поминав нешто супер тешко, но поминав прописно. Прва фаза, па се спушти на гради. Добро изреагираа на Инфективна, добро ме истретираа. И сега сум во некоја фаза на опоравување. Јас на време ги примив тие терапии за воспаление на градите, почнаа некаде после осмиот-деветиот ден, и не може да избегнете, само прашање е како ќе реагира организмот. Не е лесно, беше непријатно. Властите оние мерки што го препорачуваат не треба да се шегуваат со ова, па ќе видиме како ќе се одразат вакцините“, вели Фрчковски.
Тој додава дека нашите здравствени власти покажале знаење и спремност, а долго се велело дека се на колена.
„Неверојатно како тоа здравство, и тие работници се носат со оваа приказна“, посочува Фрчковски.






