ВИДЕО+ ГАЛЕРИЈА: Стотици загинати во разорниот земјотрес во Мароко

Мароканското Министерство за внатрешни работи соопшти рано во саботата дека во земјотресот загинале најмалку 296 лица . Но, ова е само привемена бројка. Неколку часа по земјотресот сè уште нема целосен преглед на ситуацијата, соопшти министерството. Болниците во Маракеш известуваат за „масовен прилив“ на повредени луѓе. Досега се примени повеќе од 150 лица.

Луѓе со неверување гледаат во урнатините предизвикани од земјотресот во Маракеш
Луѓе со неверување гледаат во урнатините предизвикани од земјотресот во МаракешФотографија: Al Maghribi Al Youm via REUTERS

Потресите сериозно го погодија историскиот центар на градот Маракеш, дел од светското културно наследство на УНЕСКО. Фотографиите и видеата од социјалните мрежи покажуваат уништени згради. Луѓето во паника бегаа од своите домови и останаа на отворено поради страв од последователни потреси.

Видео снимките од Маракеш јасно ги покажуваат размерите на катастрофата
Видео снимките од Маракеш јасно ги покажуваат размерите на катастрофатаФотографија: Al Oula TV via REUTERS

Привремено беа прекинати снабдувањето со електрична енергија и телефонската мрежа. Земјотресот бил почувствуван и во крајбрежните градови Рабат, Казабланка и Есауира, како и во соседен Алжир, па дури и во Португалија.

Според американската опсерваторија за земјотреси УСГС, земјотресот се случил во 00:11 часот по средноевропско време во планините Атлас на длабочина од 18,5 километри, на 70 километри југозападно од Маракеш и 60 километри североисточно од градот Тарудант. Потресот според УСГС имал јачина од 6,8 степени.  Геолошкиот центар Хелмхолц во Потсдам, Германија, пак, измери интензитет од 6,9 степени според Рихтеровата скала. Малку подоцна е регистриран уште еден последователен потрес со јачина од 4,9 степени.

Луѓето во Казабланка ја минаа ноќта под отворено небо
Луѓето во Казабланка ја минаа ноќта под отворено небоФотографија: Abdelhak Balhaki/REUTERS

Шолц: „Нашите мисли се со жртвите“

Германскиот канцелар Олаф Шолц изрази сочувство до настраданите. „Ова се лоши вести од Мароко“, рече политичарот од СПД на сервисот за кратки пораки X (поранешен Твитер). „Во овие тешки часови , нашите мисли се со жртвите од разорниот земјотрес. Шолц во моментов е на самитот на Г20 во индискиот главен град Њу Делхи.

Европската унија и понуди помош на државата од регионот Магреб. „ЕУ е подготвена да го поддржи Мароко во овие тешки моменти“, напиша претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, исто така, на онлајн платформата X. Тој им изрази сочувство на сите погодени од трагедијата и на спасувачите.

Оштетен автомобил од урнатините од кужа во Маракеш
Оштетен автомобил од урнатините од кужа во МаракешФотографија: Al Maghribi Al Youm via REUTERS

Во 2004 година, во земјотрес во североисточно Мароко загинаа најмалку 628 луѓе, а 926 беа повредени. Во 1980 година, земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала го погоди соседен Алжир. Загинаа 2.500 луѓе.

Back to top button
Close