(Видео) Германија стартуваше со седум гола на Мундијалот

Фудбалската репрезентација на Германија, очекувано победничко го почна Светското првенство.

Германците славеа против дебитантот Курасао со убедливи 7-1, во дуелот од Е групата одигран во Хјустон, САД.

Фаворитската улога „панцирните“ ја најавија во шестата минута кога Нмеча донесе водство. Сепак, во 21-вата минута Курасао израмни преку Комененсија. Тој резултат беше актуелен до 38,минута кога Шлотербер повторно донесе водство на Германците, кои полувремето го завршија со предност од два гола. Во судиското дополнение Хаверц од пенал зголеми на 3-1.

Во вториот дел уште четири гола во мрежата на Курасао. По само две минути игра, Мусијала беше стрелец за:4-1. Во продолжение во листата на стрелци се запишаа Браун (58.минута), Ундав (78) и Хаверц ((88) со својот втор гол, за конечни 7-1.

Вториот натпревар од оваа група ќе се игра во 1 часот по полноќ, а ќе се сретнат Брегот на Слоновата коска и Еквадор.

Второто коло од оваа група ќе се игра 20 и 21 јуни.

Извор: fokus.mk 

Back to top button
Close