ВИДЕО: Голем пожар помеѓу Гевгелија и Богданци – граѓаните бараат авион и хеликоптер за гаснење на пожарот

Од Центарот за управување со кризи информираат дека денеска во 13:30 часот започнал пожар во поле, којшто подоцна се проширил во шума на место викано Погана помеѓу Гевгелија и Богданци, каде е зафатен прнар и нискостеблеста шума.

Како што посочуваат од ЦУК на објавата на фејсбук-профилот, во гасењето на пожарот интервенираат девет пожарникари со четири противпожарни возила.

Граѓаните на социјалните мрежи споделуваат видеа, а се бара и надлежните да реагираат со хеликоптери или авиони.

https://www.facebook.com/biljana.bejkova/posts/10160611471941995

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid02X6AMdotjVisiafdodujSbCm4Bk7miM1UYSq4SxvRAS471E9G6jTRZCMxUzX5P7aYl&id=560231994

 

Back to top button
Close