(ВИДЕО) Голема несреќа во Перу – се урна покрив на трговски центар

Сведоците на местото на настанот велат дека слушнале силен удар непосредно пред да се урне покривот на трговскиот центар Реал Плаза во Перу.

„Имаше многу силна бучава, а потоа облак прашина каде што се урна покривот“, рече сведокот.

Несреќата остави 79 повредени лица, а тројца луѓе го загубија животот, меѓу кои и едно дете.

„Во Реал Плаза длабоко жалиме што се случи во нашиот трговски центар во Трухиљо и изразуваме длабоко сочувство до семејствата на загинатите. Исто така, им изразуваме апсолутна поддршка на сите семејства и на повредените во оваа несреќа“, рече портпаролот на трговскиот центар „Реал Плаза“.

Тие одлучија да го прогласат 22 февруари за ден на жалост и да ги затворат сите трговски центри во земјата.

Истрагата е во тек, причините за несреќата ќе бидат дополнително утврдени.

Back to top button
Close